Меѓународeн ден на лицата со попреченост, 3-ти Декември 2014 година

Отворен ден на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во рамките на својата програма за одбележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, организираше Отворен ден на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје. Отворениот ден се одржа на 5.12.2014 година со почеток од 11:00 часот.

Отворениот ден се организираше со цел да се подигне степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост и да се зголеми свеста за позитивните придобивки од нивното вклучување во секојдневниот живот на заедницата. Во текот на отворениот ден се презентираа активностите на дневниот центар – ПОРАКА Скопје, а присутните имаа можност да се дружат со корисниците на дневниот центар.

Во рамките на Отворениот ден, а по повод меѓународниот ден на лица со попреченост, РЦПЛИП – ПОРАКА врачи 3-то Декемвриски Благодарници на поединци, институции и организации кои во текот на 2014 година дале свој придонес во остварувањето на програмските активности на РЦПЛИП – ПОРАКА. Добитници на благодарници, како израз на признание за соработката и поддршката на програмските активности на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје, се: Г-дин Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје; Одделение за социјална, детска и здравствена заштита, Сектор за јавни дејности – Град Скопје и Факултет за ликовна уметност – Скопје. Исто така, добитници на благодарници, како израз на признание за соработката и поддршката за опремување на социјална сервисна служба – дневен центар за лица со интелектуална попреченост се Македонски Телеком АД Скопје и Т-Мобиле Македонија АД Скопје.

Scroll to Top
Skip to content