Почнувајќи од 2000 година, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е активн вклучена во создавањето на услови за спроведување на реформскиот процес на деинституционализација во Р. Македонија, односно превенција од институционализација преку оформување на социјални сервисни служби за поддршка на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства во местото на живеење.
Активностите на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во оваа област се насочени во два правци: кон одржување на континутитет во работата на оформените социјални сервисни служби (социјални клубови и дневни центри) за лица со интелектуална попреченост и кон создавање на услови за промовирање на други видови на сервисни служби. Во изминатите петнаесет години, работата во социјалните сервисни служби тече континуирано и дава позитивни резултати.
Имајќи ја во предвид важноста на социјалните сервисни служби, еден од главните приоритети на РЦПЛИП – ПОРАКА е одржување и унапредување на нивната функција, како во поглед на програмските содржини така и во поглед на нивната опременост со соодветна опрема за спроведување на програмските активности.
Изминатата година РЦПЛИП – ПОРАКА засилено работеше во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Градот Скопје на оформувањето на нова социјална сервисна служба (дневен центар во Скопје) но, и на поддршка во реновирање и опремување на останатите социјални сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА.
За таа цел Владата на Република Македонија му додели на РЦПЛИП – ПОРАКА средства во износ од 500.000 денари, наменети за набавка на опрема за потребите на социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА согласно одлуката бр. 42-9823/1 од 21.12.2014.
По спроведената анализа на потребите во социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА (дневни центри и социјални клубови за лица со интелектуална попреченост) и во консултација со претставници на Министерството за труд и социјална политика, РЦПЛИП – ПОРАКА ја определи следната приоритетна опрема за набавка на:
– 7 ленти за трчање наменети за подобрување на кондицијата и психомоторната координација;
– 7 статични велосипеди наменети за подобрување на кондицијата и психомоторната координација;
– 20 десктоп компјутери наменети за обука за користење на компјутери.
Набавената опрема се распореди и се достави во локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА во чии рамки функционираат социјални сервисни служби.