Наградата за животно дело на ЕАСПД

г-ѓа Виолета Димоска, Генерален секретар на РЦПЛИП – ПОРАКА

Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост – ЕАСПД секоја втора година доделува Европска награда за животно дело на истакнати активисти во полето на попреченоста. Оваа година Европската награда за животно дело беше доделена на г-ѓа Виолета Димоска, Генерален секретар на РЦПЛИП – ПОРАКА, за нејзиниот професионален и личен ангажман за унапредувањето на правата на лицата со интелектуална попреченост во Република Македонија. Наградата беше врачена од страна на претседателот на ЕАСПД, г-н Франз Њолфмаѕер, на официјалната конференциска вечера на 7.10.2010 година во Скопје, во рамките на конференција “Кон живеење во заедницата: актуелни состојби – идни предизвици”.

Scroll to Top
Skip to content