Обезбедувачите на сервисни служби за лица со попреченост не смеат да бидат жртви на финансиската криза!

Европската асоцијација за обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост (ЕАСПД), која претставува повеќе од 8.000 организации кои обезбедуваат социјални и здравствени сервисни служби низ цела Европа, е крајно загрижена дека лицата со попреченост, нивните семејства и обезбедувачите на сервисни служби ќе страдаат од последиците на финансиската криза, која тие не ја предизвикале.

Веќе и под нормални услови, социјалните и здравствените сервисни служби за лица со попреченост се недоволно финансирани во голем број земји. ЕАСПД повикува на акции за да се избегне понатамошното негативно влијание поради актуелното економско превирање.

Франц Волфмаер, Претседател на ЕАСПД, рече: “Денес, повеќе од кога и да било порано, властите на сите нивоа треба да инвестираат во лицата. Денес, повеќе од кога и да било порано, властите треба да инвестираат во социјалните, здравствените и образовните сервисни служби кои ги поддржуваат лицата да се вратат назад во општеството. Само преку олеснување на целосното учество на сите граѓани, вклучувајќи ги и ранливите групи, ќе ја надминеме кризата. Намалувањата во буџетите на социјалниот и на здравствениот сектор ќе има негативни ефекти за сегашните и за идните генерации”.

Примери за тоа како кризата влијае врз сервисните служби

Социјалните и здравствените сервисни служби за лицата со попреченост се погодени од кризата на неколку начини:

  • Намалувања во исплатите наменети за покривање на режиски трошоци, што значи дека многу обезбедувачи на сервисни служби сега се борат да ги одржат нивните сервисни служби (на пр. Ирска, Италија, Португалија).
  • Неспроведувањето на веќе договорени акциони планови и програми, што подразбира мирување во секторот, особено во источно европските земји (на пр., Литванија и Романија)
  • Заштитните работилници и агенциите за вработување на лица со попреченост ги губат договорите со индустријата, па поради тоа немаат понуди за работа наменети за работниците со попреченост (на пр., во Франција, Австрија и Белгија)
  • Поради сè поголемата стапка на невработеност, станува сè потешко да се најде работно место за лице со попреченост (на пр., Италија и Белгија).

Потребна е итна акција

Со цел да се избегне влошување на ситуацијата, ЕАСПД ги повикува владите на сите нивоа, вклучувајќи ја и Европската унија да инвестираат во инфраструктурата на здравствените и социјалните сервисни служби. Ваквиот вид на инвестиција не само што ќе помогне во подобрување на животните услови на лицата кои имаат потреба од тоа, туку и ќе го стимулира креирањето работни места во градежниот сектор што подразбира дека тие ќе имаат двојна придобивка.

Владите, исто така, треба да имаат приоритет во создавањето работни места и развивањето на шеми за поддржано вработување за да им се помогне на лицата со попреченост и на други лица во неповолна ситуација да влезат на пазарот на труд со цел да се избегне сиромаштијата, а да се стремат кон целосно вклучување во општеството. Поголем број на лица кои би се вработиле би резултирало со зголемување на нето придонесите за државната каса преку данок на добивка, а би ги намалило трошоците поврзани со бенефитите за невработеност. Вработувањето на лица со попреченост, исто така, значајно ќе придонесе за одржливоста на шемите за социјална заштита и сигурност.

Scroll to Top
Skip to content