Од членството на РЦПЛИП – ПОРАКА во ЕАСПД ЕАСПД ги претстави моделите на добра практика за деловната способност и раната интервенција пред Обединетите нации

Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост организираше два пропратни настани во соработка со Европската унија и Зеро Проектот за време на 9-тата Конференција на држави потписнички на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост. Моделите на добра практика за механизмите за поддржано донесување на одлуки и за рана интервенција ја разгореа дебатата за целите за одржлив развој и потребните чекори за имплементација на пристапот на човекови права.

Деловна способност: промена на играта

Членот 12 од Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост го кристализираше ова право и тоа да биде признаено еднакво пред законот; сепак, помеѓу 2 и 3% од светското население има интелектуална попреченост и тие лица секојдневно искусуваат дискриминација при практикување на нивното право на деловна способност. Ваквата ситуација ги попречува во донесувањето одлуки за нивниот живот, а наместо тоа стануваат дел од шемите засновани на старателство каде одлуките се носат во нивно име од страна на нивните законски старатели. Ефективното уживање на ова право бара развој и воспоставување на широк опсег на шеми за поддршка кои на најдобар начин можат да им помогнат на поединците, кога и да им е потребна или да ја бараат таа помош, а со цел да носат самостојни одлуки кои влијаат врз нивниот живот врз основа на нивните лична волја и преференци.

Во текот на пропратниот настан на Конференцијата, ЕАСПД ги презентираше моделите на ветувачки практики развиени прекu AJUPID проектот и ја потенцираше суштинската улога на сервисните служби за поддршка која може да ја имаат во постигнување на промените кои се бараат со Конвенцијата. Настанот беше организиран во соработка со Европската унија, со дополнителни говорници од Советот на Европа, Европскиот економски и социјален комитет, италијанското министерство за здравство и Интернационалната инклузија.
Оспорувањето на деловната способност носи последователни негативни последици врз уживањето на други основни права како што е правото на самостојно живеење, правото на пристап до правда и правото на политичко учество со што се поткопуваат многу области од животот на лицата со попреченост; ова прашање треба да се разгледа како итно од страна на сите земји потписнички на Конвенцијата.
„Потребните чекори за да се направи достапна адекватната индивидуализирана поддршка според пристапот на човекови права бара напори на сите нивоа и силна соработка помеѓу клучните чинители. Сервисните служби за поддршка треба да развијат и промовираат механизми со кои се поддржуваат индивидуалците во самостојното носење одлуки” речe Carmen Aroyo de Sande, Менаџер за развој во ЕАСПД.

Истражување на ЕАСПД и Зеро проектот за рана интервецнија

Универзално е признаено дека периодот на раното детство е една од најважните фази за развојот и добросостојбата на секое дете. Сервисните служби за рана интервенција ги сведуваат на минимум и ги превенираат ризик факторите за негативни последици врз развојот на децата; сепак може да се каже дека овој процес е далеку од вклучување во редовните текови на националните политики и механизмите за финансиска поддршка наменети за деца со попреченост.
Во вториот пропратен настан ЕАСПД ги покрена овие прашања во соработка со Зеро Проектот. Моделите на добра практика во источно европските земји, нагласувајќи ја потребната промена во секторот за попреченост од медицински и био-психосоцијален модел кон модел заснован на човекови права, беа прикажани заедно со практични чекори за имплементација потребни за да се обезбеди долгорочна одржливост.
Соработката помеѓу сите чинители, зајакнувањето, холистички пристапи ориентирани кон семејството и вклучување во заедницата се меѓу клучните елементи кои дефинираат рана интервенција.
„Сервисните служби за рана интервенција можат да бидат вистинска алатка за поплочување на патот кон инклузија и зајакнување на поединците со поддршка на потребите заедно со нивните семејства. Потребно е сервисните служби да го интегрираат пристапот заснован на човекови права уште од најраните фази во животот на децата со попреченост. Постои потреба за инвестирање во децата и нивните семејства за да се спречи истите да влезат во кругот на сиромаштија, лишување и да се обезбеди дека нивниот развој го следи нивниот најголем потенцијал”, истакна Sabrina Feraina, менаџер за политики во ЕАСПД.

Scroll to Top
Skip to content