Отворен ден на дневниот центар – ПОРАКА Скопје

Во рамките на својата програма за одбележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, РЦПЛИП – ПОРАКА во соработка со ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје организираше Отворен ден на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во Скопје. Отворениот ден се одржа на 5.12.2011 година со почеток од 10:00 часот.

Отворениот ден се организираше со цел да се подигне степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост и да се зголеми свеста за позитивните придобивки од нивното вклучување во секојдневниот живот на заедницата. Во текот на отворениот ден се презентираа активностите на дневниот центар – ПОРАКА Скопје, а присутните имаа можност да се дружат со корисниците на дневниот центар.

Во рамките на Отворениот ден, а по повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, РЦПЛИП – ПОРАКА врачи признанија за поддршката на поединци, институции и организации кои во текот на 2011 година дале свој придонес за остварување и унапредување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост во Република Македонија. РЦПЛИП – ПОРАКА врачи Благодарници на:

  • Н.Е. г-дин Никола Димитров, Амбасадор на Република Македонија во Кралството Холандија како израз на признание за личната иницијатива за поддршка на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА за лица со интелектуална попреченост во 2011 година;
  • Амбасада на Република Македонија во Кралството Холандија, како израз на признание за поддршката на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА за лица со интелектуална попреченост во 2011 година;
  • Националниот Демократски Институт како израз на признание за континуираната поддршка на програмските активности на РЦПЛИП – ПОРАКА за унапредување на законските можности за лицата со интелектуална попреченост во 2011 година;
  • Фондацијата Отворено Општество Македонија како израз на признание за континуираната поддршка на програмските активности на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА за лица со интелектуална попреченост во 2011 година;
  • Асоцијација за здравствена едукација и истражување “Х.Е.Р.А.” како израз на признание за соработката и поддршката во реализација на програмските активности на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА за лица со интелектуална попреченост во 2011 година;
  • ИНКЛУЗИЈА ИРСКА – Национална организација на семејства на лица со интелектуална попреченост во Ирска, како израз на признание за поддршката на реновирањето на просториите на дневниот центар – ПОРАКА Радовиш;
  • Џон О’Горман од Ирска, како израз на признание за личната заложба и поддршката на реновирањето на просториите на дневниот центар – ПОРАКА Радовиш
  • Бил Шортен од Ирска, како израз на признание за личната заложба и поддршката на реновирањето на просториите на дневниот центар – ПОРАКА Радовиш.

Во продолжение, ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје исто така врачи благодарници на своите поддржувачи и соработници кои во текот на 2011 година се вклучија во поддршката на програмските активности на дневниот центар – ПОРАКА Скопје.

Scroll to Top
Skip to content