Панел дискусија “Вклучување на попреченоста во редовните текови на развојната соработка; искуство, визија и иднина”

Воведничар на панел дискусијата беше г-ѓа Акико Ито, шеф на Секретаријатот за правата на лица со попреченост, а говорници беа истакнати експерти од меѓународни агенции за развој и соработка.

Во декември 2006 година, работата на Обединетите нации во областа на попреченоста и развојот ја имаше својата кулминација со усвојувањето на Меѓународна Конвенција за правата на лица со попреченост. Со влегувањето во сила на Конвенцијата во мај 2008 година, се јавува нов момент за вклучување на попреченоста во редовните текови на развојната соработка преку широк опсег на носители на акции, вклучувајќи национални, регионални и глобални акции и мрежи.

Конвенцијата, во својот член 32, ја признава важноста од меѓународната соработка и ја промовира реализацијата на правата на лица со попреченост и нивно целосно вклучување во сите аспекти од животот. Конвенцијата наведува дека мерките за меѓународната соработка треба: да бидат инклузивни и пристапни за лицата со попреченост; да го олеснуваат и поддржуваат зајакнувањето на капацитетот, вклучувајќи преку размена и споделување на информации, искуства, програми за обука и најдобри практики; да ја олеснуваат соработката при истражувања и пристап до научни и технички знаења; и треба да обезбедат техничка и економска помош, вклучувајќи преку олеснување на пристапот до и споделување на пристапни и помошни технологии, и преку трансфер на технологии.

На својата 63-та седница, Генералното собрание, преку Резолуцијата 63/150 од 18-ти декември 2008 година, ја прифати итната потреба да ја вклучи попреченоста во сите аспекти од следењето и евалуацијата на Милениумските развојни цели.

И покрај националните иницијативи и искуства акумулирани во полето, вклучувањето на попреченоста во редовните текови се случува на многу поделен и ограничен начин во рамките на развојната соработка. Над 10% од светското население, треба допрва да се интегрира во меѓународната развојна соработка.

Системот на Обединетите нации во моментот развива стратегии за вклучување на попреченоста во редовните текови врз основа на она што може да се нарече “Глобална рамка за развој на Обединетите нации во однос на попреченоста” со збир на насоки за имплементација, развиени од меѓународната рамка за политика во однос на попреченоста.
Панелот се состоеше од клучни говорници од големите билатерални и меѓународни агенции кои ги споделија своите искуства и визии за инклузивна и слободна од бариери развојна соработка преку двоен пристап за попреченоста.

За време на панел сесијата се разговараше за добрите практики усвоени од билатералните и мултилатералните агенции за вклучувањето на попреченоста во редовните текови и зајакнување на лицата со попреченост во операционални активности.

Панел дискусијата придонесе за тековниот дијалог во однос на вклучувањето на попреченоста во редовните текови во операционалните активности на Обединети нации кои треба да се спроведуваат на ниво на државите, вклучувајќи ги сите аспекти од процесот на Милениумските развојни цели и други меѓународно договорени развојни цели.

Конвенцијата на Обединети нации за правата на лица со попреченост досега ја имаат потпишано 139 држави, а нејзиниот Опцијален протокол го потпишале 82 држави.

Од тие 139 држави, до сега 50 држави ја ратификувале Конвенцијата, а пак Опцијалниот протокол го ратификувале 29 држави.

Република Македонија сеуште ја нема ратификувано Конвенцијата, а го нема потпишано и ратификувано Опцијалниот протокол.

Scroll to Top
Skip to content