Во изминатите два месеци, корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје беа вклучени во низа работилници за сликање на платно, кои на сопствена иницијатива ги спроведоа ученичките Ева Лазаревска и Еда Авмедовска од ПСУ “Јахја Кемал” – Скопје.
Во текот на работилниците, корисниците имаа можност да ја покажат својата креативност, како и да другаруваат со Ева и Еда.
Изработените ликовни дела од страна на корисниците беа презентирани на хуманитарна продажна изложба која се одржа во просториите на Кинотеката на Македонија на 27.12.2017 година, а беше организирана од Ева и Еда.
Собраните средства од продадените слики се наменети за потребите на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје. Упатуваме голема благодарност за убавата иницијатива, која на многумина може да им послужи како позитивен пример како, доколку се сака, може да се соработува и другарува со лицата со интелектуална попреченост.