Партнерство на РЦПЛИП – ПОРАКА во европски проекти

Рана инклузија преку учење едни од други

Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост што е ратификувана од повеќето европски земји предвидува инклузивно образование за сите. Во рамките на тој контекст, повеќето европски земји ја изразија својата политичка волја да ги имплементираат филозофиите и концептите на инклузијата во сите нивоа од политиките и сервисните служби кои се поврзани со различни прашања за лицата со попреченост (Стратегијата на Европската унија за паметен, одржлив и инклузивен раст; Стратегијата на ЕУ за попреченост 2010-2020). Сепак, може да се забележи значаен недостиг на методологии и споделување на знаења во ова поле. Професионалците кажуваат дека постои огромна потреба од информации, обука и конкретни ресурси. За таа цел, се креираше конзорциум од десет партнери на ниво на Европа, кои започнаа со имплементација на проект „Рана инклузија”. РЦПЛИП – ПОРАКА е еден од партнерите во овој проект, кој се спроведува во рамките на Еразмус+ програмата на Европската комисија. Проектот се фокусира на зголемено знаење и споделени методи во односот со деца од предучилишна возраст кои имаат попреченост или се во ризик да стекнат попреченост. Проектот има за цел да пренесе информации, конкретни методологии и процена на компетенции.

ИНФОРМАЦИИ

Информациите се однесуваат на она што на децата со попреченост им е потребно и како професионалците можат да ги поддржат овие деца во редовното образование и со цел да се избегне подоцнежното исклучување и неуспех. Информациите се споделуваат преку Информативни пакети за инклузија. Овие пакети за инклузија се состојат од два дела:
• Листи со информации поврзани со образовните потреби на децата со пречки во развојот во однос на состојбите од аутистичниот спектар, фетален алкохолен спектар на нарушувања, сензорни оштетувања, ретки хромозомски нарушувања, предвремено раѓање, ментално здравје, фрагилен Х синдром, ефекти од употреба на дроги, недостаток на внимание и хиперактивност (растројство во активноста, вниманието и хиперактивност) и приврзаност.
• Специфични вежби и прашања за размислување – врз основа на моделот на резултати од учење и нивоата на Европската рамка за квалификации.

Листите со информации, специфичните вежби и прашањата за размислување се веќе достапни на веб страната креирана во рамките на овој проект.

КОНКРЕТНИ МЕТОДОЛОГИИ

Конкретните методологии се однесуваат на размена на веќе утврдена добра секојдневна практика и преку споделување на релевантни искуства меѓу професионалците кои работат со деца во образовниот процес. Размената на конкретни методологии ќе се реализира преку пазар за методи на инклузија кој наскоро ќе биде достапен на веб страната на проектот. Пазарот за методи на инклузија е „Самоорганизирано, методолошко онлајн пазарно место за размена”. Професионалците од различни сектори се поканети да опишуваат/прикачуваат успешни ситуации на инклузија. Тие конкретни ситуации служат како методолошки збир на идеи и можности за учење за другите корисници.

ПРОЦЕНА НА КОМПЕТЕНЦИИ

Процената на компетенции се однесува на неформално учење на работното место во насока на инклузијата. Проценка на компетенции ќе се спроведува преку пасош за инклузивна обука. Пасошот за инклузивна обука служи како платформа каде неформалните процеси на учење ќе станат транспарентни и ќе овозможат врска до актуелните иницијативи на ЕУ во полето на сертификација и еквивалентност. Онлајн алатката ги следи самоорганизираните активности за учење (на пр., самоорганизирано учење врз основа на информативните пакети, размена на активности во пазарот) и вклучува испробани и тестирани практични активности за обука. Со стекнувањето на ваквиот пасош корисниците на проектот ќе можат да добиваат индивидуални поени (кредити) во нивното портфолио.

Проучувајќи ги „Инклузивните пакети за инклузија” и учењето за „Пазарот за методи на инклузија” придонесуваат за стекнување на индивидуални поени (кредити) во портфолиото на корисникот. Тоа портфолио може да се прошири преку учество во настаните за мултипликација кои се во рамките на проектот или други работилници/семинари во полето на инклузијата.

Повеќе за конзорциумот на проектот, материјалите, алатките, ширење на информациите, настани, учество и корисни линкови можете да најдете на: www.early-inclusion.eu и office@sinn-avaluation.at

Материјалите се на достапни на англиски, германски, француски, унгарски, македонски и турски јазик.

Scroll to Top
Skip to content