Во последните 25 год. ЕАСПД изгради мрежа која во моментов вклучува, преку своите членови, над 17.000 сервисни служби за лица со посебни потреби и нивните семејства, низ цела Европа. Нашите членови се обврзани да ја имплементираат Конвенцијата на ОН за правата на лица со посебни потреби (UN CRPD), преку трансформирање на своите услуги, и така да носат иновација и нови начини на работење во развојот на високо квалитетни сервисни служби кои го промовираат целосното учество и вклученост во општеството на лицата со посебни потреби. Службите кои се застапени во мрежата на ЕАСПД го опфаќаат целиот животен циклус на лицата, и вклучуваат рана интервенција, образование, вработување, живеалиште, слободни активности, култура, дневен центар, возрасни лица, и домови за возрасни лица.
25 годишнината од постењето на ЕАСПД, која ќе се прослави оваа година, е одлична прилика да се одбележат достигнувањата на нашите членови, како лидери на иновации кои го подготвуваат патот кон вклученост, преку имплементирање на Конвенцијата на ОН за правата на лица со посебни потреби. Оваа постојана усилба и обврзаност кон доставување на високи квалитетни услуги и покрај финансиски, политички и општествени препреки, овозможи заштита на човековите права за милиони лица со посебни потреби во Европа.
За да ја прославиме работата на нашите членови, ги воведовме Наградите за Иновација на ЕАСПД, и овој конкурс преку кој ќе избереме 25 иновативни практики во сервисните служби. Избраните 25 практики ќе го покажат успешното имплементирање на Конвенцијата на ОН за правата на лица со посебни потреби на локално/регионално/национално ниво, преку директни служби или преку екосистеми кои придонесуваат кон испорака на високо квалитетни служби во заедниците за лицата со посебни потреби, во 8-те категории на кои се фокусираат членовите на ЕАСПД.
Иновативните практики треба да бидат поврзани со тематските категории на членовите на ЕАСПД, и тоа:
- Уметност и култура
- Рана интервенција
- Образование
- Вработување
- Инклузивно живеење
- Асистивна технологија
- Влијание на политиките
- Развој на работната сила и човечки ресурси
Кој може да аплицира?
Повикот е отворен за сите членови и набљудувачи на ЕАСПД, и на нивните подружници и мрежи, вклучувајќи ги членовите на организации под капата на ЕАСПД.
Како може да се аплицира?
За да се квалификувате за наградата, вашата практика треба да:
Биде овозможена од организација која е член на ЕАСПД (вклучувајќи ги набљудувачите) или подружници, како на пример членови на организации под капата на ЕАСПД.
- Покажете дека придонесува директно (преку директна служба) или индиректно (преку овозможени екосистеми) во снабдувањето или подобрувањето на достапот до високо квалитетни услуги на лицата со посебни потреби, според Конвенцијата на ОН за правата на лица со посебни потреби.
- Покажете зошто е иновативна во вашиот локален/регионален/национален контекст.
- Биде активна и тековна практика.
- Има охрабрувачки перспективи за идни активности, одржливост и раст.
Ако вашата програма/метод/практика ги исполнува овие услови, можете да аплицирате пополнувајќи го овој онлајн формулар, пред 30 јули 2021. Можете да го пополните формуларот на вашиот мајчин јазик, ако сакате.
Избор и доделување на наградите
Кога конкурсот ќе се затвори, ќе бидат избрани 25 кандидати за ЕАСПД иновативни пракси, од страна на специјализирана комисија.
- 3 пракси од секоја од 8-те категории ќе влезат во потесен избор (комисијата ќе избере 4 пракси од областа на Развој на работната сила и човечки ресурси или Влијание на политиките).
- Секоја од овие 8 категории ќе добие победник, на кој ќе му биде врачена Наградата за Иновација на ЕАСПД во текот на прославата на 25 годишнината.
25 кандидати во потесен избор ќе бидат:
- Објавени во брошурата за иновативни пракси по повод 25 годишнината на ЕАСПД
- Споменати на веб страницата и Центарот на знаење на ЕАСПД
- Ќе се распространат преку мрежата на ЕАСПД
- Ќе се земат во предвид во изборот на Наградите за Иновација
8 победници:
- Ќе им се покријат трошоците за присуство на годишната конференција на ЕАСПД во Брисел, од 13 до 15 октомври 2021: по 2 претставници од секоја од победничките организации (влезница на конференцијата, патни трошоци, трошоци за сместување до висина од 800 EUR, на основа на реалните трошоци по учесник).
- Ќе добијат награда за време на прославата на 25 годишнината на ЕАСПД
- Ќе бидат промовирани на сите комуникациски канали на ЕАСПД.