Факултетот за ликовна уметност – Отсек Графика и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА организираат изложба на графики изработена од корисниците на дневните центри ПОРАКА Скопје со поддршка на студенти и професори од овој факултет. Темата на изложбата е: „Ликот на нашиот свет“.
Целта на поставувањето на оваа изложба е да се презентираат и да се истакнат можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост. Тоа воедно придонесува и за директно влијание во разбивањето на предрасудите што постојано ги следат овие лица.
Официјалното отворање на изложбата е на 10.05.2016 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во просториите на Факултетот за ликовни уметност, во Сули ан – Стара чаршија. На отворањето ќе присуствуваат соработници на РЦПЛИП – ПОРАКА и Факултетот за ликовни уметности, корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА и нивни родители, како и заинтересирани граѓани.
Изложбата ќе биде отворена во периодот од 10.05.2016 – до 13.05.2016 година.