По повод 3-ти Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост

Отворен ден на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје во населба Аеродром, 2-ри Декември 2016 година, 11 часот

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, по повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, организира Отворен ден на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје во населба Аеродром. Отворениот ден ќе се одржи на 2.12.2016 година (петок) со почеток од 11:00 часот во просториите на дневниот центар на бул. “Јане Сандански” бр. 70, локал 1 (позади ТЦ “Бисер”, спроти маркетот “Тинекс”).

Отворениот ден се организира со цел да се подигне степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост и да се зголеми свеста за позитивните придобивки од нивното вклучување во секојдневниот живот на заедницата. Во текот на отворениот ден ќе бидат презентирани активностите на дневниот центар – ПОРАКА Скопје, а присутните ќе имаат можност да се дружат со корисниците на дневниот центар.

Во рамките на Отворениот ден во 11:00 часот, РЦПЛИП – ПОРАКА ќе врачи 3-то Декемвриска ПЛАКЕТА на Град Скопје, како израз на признание за континуираната соработка и поддршка на програмските активности на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје.

Scroll to Top
Skip to content