Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА

Претставници на австриската организација Lebenshilfe Tirol во посета на РЦПЛИП – ПОРАКА

Претставници на австриската организација Lebenshilfe Tirol во посета на РЦПЛИП – ПОРАКА

Активностите на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА на меѓународно ниво, меѓу другото, резултираат и со низа успешни соработки со организации кои делуваат во Европа, но и во светот.

Една од тие соработки е со организацијата Lebenshilfe Tirol, организација која долги години делува во Тирол, Австрија. Организацијата обезбедува социјални сервисни служби за лица со интелектуална попреченост кои меѓу другото вклучуваат сервисни служби за интервенција во раното детство. По повод нивното 60 годишно постоење, дел од вработените во организацијата ќе остварат студиски посети во партнерски организации низ Европа.

Во периодот 29 мај – 1 јуни 2023 година, и од 12-ти до 16-ти јуни, РЦПЛИП – ПОРАКА беше домаќин на две групи претставници на Lebenshilfe Tirol. Тие имаа можност да се запознаат со активностите на РЦПЛИП – ПОРАКА, да посетат дел од социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА и директно да ја видат реализацијата на програмските активности во овие сервиси. Исто така, имаа можност да се запознаат и со системот на социјални сервисни служби во нашата држава. Се оствари и средба со претставник од Министерството за труд и социјална политика и директно да чујат за плановите на ова министерство во однос на обезбедувањето сервисни служби за лица со попреченост, со акцент на интервенцијата во раното детство. Воедно претставниците на Lebenshilfe Tirol ги споделија и своите знаења и искуства со тимот на РЦПЛИП – ПОРАКА и вработените лица во дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА.

Интензивната, отворена и конструктивна размена на искуства, знаења и информации ќе помогнат во понатамошната имплементација на нови идеи и пристапи во работата на двете организации.

Scroll to Top
Skip to content