Признание за РЦПЛИП – ПОРАКА за придонесот кон унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. годинава ја одбележува шеесеттата годишнина на Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР) која е формирана во 1952 година во Индија, со цел да се помогне да се остварат репродуктивните права на жените.

Во рамки на програмата за одбележување на овој јубилеј во Македонија, Х.Е.Р.А. на 24-ти октомври 2012 година додели признанија на граѓански организации, активисти, публицисти и новинари кои дале свој придонес кон унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и за застапување за остварување на сексуалните права.

Единствената граѓанска организација која го доби ова важно признание од Х.Е.Р.А. е Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.

Scroll to Top
Skip to content