Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА

Санација на објектот на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш

РЦПЛИП – ПОРАКА и ЦПЛИП – ПОРАКА Радовиш во изминатиот период спроведуваат активности за санација на објектот на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш, со која ќе биде надминат долгогодишниот проблем со влага во просториите на дневниот центар и со што значително ќе се подобрат условите за работа со лицата со интелектуална попреченост во дневниот центар.

Во договор со Општина Радовиш и со поддршка од Рудник Бучим, во тек се градежни активности за поставување на хидроизолација и дренажа на објектот, фасада со стиропор изолација, како и корекција на внатрешни ѕидови.

Предвидено е санацијата на објектот да заврши до 15 октомври 2022 година, а средствата за реконструкција се обезбедени од РЦПЛИП – ПОРАКА и од Рудникот Бучим.

Scroll to Top
Skip to content