Социјални активности на дневниот центар – ПОРАКА Скопје Претпремиера на “Малиот принц”

Воспоставената соработка со двајцата актери Македонка и Златко во однос на создавањето театарска претстава како еден мал финален продукт излезе на површина на 30-ти Мај во просториите на Македонскиот народен театар (Театар Центар).

Имено, се она што беше подготвувано изминативе пет месеци од страна на овие актери заедно со корисниците на дневниот центар ПОРАКА Скопје беше претставено како мал сублимат во театарската претстава “Малиот Принц”. Истата беше претставена пред родителите, ангажираните лица и претставниците на РЦПЛИП-ПОРАКА.

Заедничка беше оцената дека оваа активност мора да продолжи и како финална верзија да се доработи претставата која би се прикажала пред поширока публика.

Scroll to Top
Skip to content