Усвоена Конвенцијата за правата на лица со попреченост

Денеска, ракоплескаме на Пленарната седница на Генералното собрание на Обединети нации на усвојување на Конвенцијата за правата на лица со попреченост. Ги повикуваме сите нации да ја промовираат Конвенцијата и нејзините принципи за партнерство со организации на лица со попреченост и нивните семејства на национално и меѓународно ниво.

За прв пат, правата на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства се експлицитно признаени во меѓународен закон. Оваа Конвенција ги вклучува и заштитува правата на лицата кои не можат да зборуваат секогаш за себе и ја признава и потенцира фундаменталната и често доживотна улога на семејствата во поддршката на своите членови кои имаат попреченост. Лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства и понатаму се помеѓу највулнерабилните луѓе во сите нации на светот. Во ноемврискиот извештај 2006г. на Интернационалната Инклузија “Слушнете го нашиот глас” документирана е глобалната поврзаност помеѓу сиромаштијата и интелектуална попреченост во секој регион во светот. Конвенцијата ги охрабрува сите нации да се борат против неправдата преку инклузија на лицата со интелекутална попреченост во секојдневниот живот.

Особена важност за лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства имаат четирите придобивки од Конвенцијата за права на лица со попреченост: Право да се живее во заедницата, не во субнормални услови или во институција, обезбедено преку член 19 (живеење во заедницата); Право да се биде вклучен во образованието заедно со другите деца е обезбедено преку член 24 (Образование); Право за донесување сопствени одлуки е обезбедено преку член 12 (Деловна способност) и Преамбулата на Конвенцијата, каде се потенцира и признава улогата на семејствата во остварување на човекови права за своите членови.

Ова е прва Конвенција на 21 век која ги признава правата на лица со попреченост како човекови права. Попреченоста е сега составен дел на човековата различност. Без развој кој ги вклучува и лицата со попреченост во сите аспекти на социјалниот и политичкиот живот, Милениумските цели на ОН не би можеле да се постигнат. Конвенцијата е очекуван документ со особена важност. Фокусирајќи се на правата за развој на лица со попреченост, се осврнува и на општествата во Целина, и на потребата да се даде можност на секое лице да го даде својот допринос во зависност од потенцијалот и способноста.

Од искуствата во изминатите години, третманот на лицата со попреченост извади на површина дел од најлошите аспекти на човековата природа. Многу често, лицата со попреченост беа гледани како предмет на срам, или во најдобра релација со сожалување и милосрдие. Општествата одеа до таму да обезбедат начин да лицата со попреченост не бидат видени ниту слушнати. Декларативно, на хартија, тие ги уживаат истите права како и другите граѓани, но во реалниот живот, најчесто беа оставани на маргините на општествениот живот немајќи ги можностите кои се загарантирани за другите.

Лицата со попреченост и нивните организации интензивно и напорно работеа на потребата од Конвенција, а Обединетите Нации одговорија на оваа потреба. Во текот на трите измианти години, Конвенцијата имаше неколку обележја: тоа е прв акт за човекови права во 21 век; најбрзи преговори за акт за човекови права во историјата на меѓународното законодавство и прв акт кој резултираше од лобирање спроведено по интернет.Веќе научивме од искуството, во земјите каде има имплементирано закони поврзани со попреченост, промените многу побрзо се случуваат кога се има законска можност. Кога усвоената Конвенција ќе биде потишана и ратификувана, ќе има влијание на националните закони и нивна трансформација за подобрување на животот ан лицата со попреженост. Ќе понуди перспектива за лицата со попреженост да уживаат исти човекови права како и другите: образование, вработување, архитектонска пристапност, пристап до правниот систем.

Но, тоа нема да се случи преку ноќ. Поголемиот дел од работата останува да се направи како резултати инспириран од Конвенцијата. Се повикуваат сите Влади да започнат со ратификација и имплементација на Конвенцијата, без одложување.
Да веруваме дека овој ден е навистина посебно обележје. Нека ова биде вовед за оние лица со попреченост насекаде во светот станат еднакви граѓани на општеството.

Соопштение на Inclusion International

Scroll to Top
Skip to content