На 2 април 2016 година во Битола официјално беа пуштени во употреба работните простории на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Битола и Здружението за аутизам „Марко Поло Експлорер” – Битола.
Просториите ги обезбеди Општина Битола, а Министерството за труд и социјална политика издвои средства за реновирање, адаптирање и опремување, со цел истите да бидат ставени во функција. Во посебни простории ќе функционираат социјален клуб за лица со интелектуална попреченост и едукативен центар за лица со аутизам.
„Мислам дека е многу значајно, затоа што тоа е една категорија на наши граѓани за кои треба многу љубов и многу трпение. Општина Битола направи еден голем чекор со овие две здруженија и Министерството за труд и социјална политика. Се работи за деца и лица за кои треба да направиме се нивниот талент да дојде до израз”, изјави Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески на отварањето на работните простории.



