Учество на РЦПЛИП – ПОРАКА во крирањето на извештај во однос на Универзалното периодично разгледување

Универзалното периодично разгледување “има голем потенцијал да ги промовира и да ги заштитува човековите права и во најтемните делови од светот” – Бан Ки-мун, Генерален секретар на Обединети нации

Универзалното периодично разгледување (УПР) е уникатен процес кој вклучува разгледување на досиејата на сите држави членки на ОН. УПР е процес кој го води државата, под покровителство на Советот за човекови права, што нуди можност за секоја држава да ги објави акциите шти ги презела со цел подобрување на ситуацијата со човековите права со својата земја и да ги исполни своите обврски во однос на човековите права.

УПР беше креиран преку Генералното собрание на ОН на 15 март 2006 година со резолуција 60/251, со која се формираше и самиот Совет за човекови права. Тоа е кооперативен процес, кој од октомври 2011 ги прегледа досиејата за човекови права на сите држави членки на ОН. Во моментот не постои друг универзален механизам од овој вид. УПР е еден од клучните елементи на Советот кој ги потсетува државите за нивната одговорност за целосно почитување и спроведување на сите човекови права и основни слободи. Крајната цел на овој механизам е да се унапреди ситуацијата со човековите права во сите земји и да се разгледуваат кршењата на човековите права секогаш кога се појавуваат.

УПР е процес кој го води самата држава, но граѓанскиот сектор има можности да учествува и да влијае врз истиот. Граѓанскиот сектор може да се вклучи преку следните начини:

  • – Да учествува во националните консултации кои ги одржува државата
  • – Да испрати сопствени информации за ситуацијата во однос на човековите права во земјата, во вид на извешта
  • – Да лобира кај членовите на работната група кои го разгледуваат УПР за таа држава со цел тие да ги постават прашањата на кои граѓанскиот сектор сака да ги чуе одговорите
  • – учествува на седница на Советот за човекови права при усвојување на извештајот
  • – Да ја следи и да учествува во имплементацијата на препораките кои државата ги добила по разгледувањето на УПР

РЦПЛИП – ПОРАКА е дел од коалицијата на граѓански организации, предводени од ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во Република Македонија, која изминатиот период работеше на подготовка на извештај за состојбите во однос на човековите права на ранливите групи граѓани во областа на здравствена заштита и здравствено осигурување. РЦПЛИП – ПОРАКА учествуваше во креирањето на извештајот од аспект на својата целна група – лица со интелектуална попреченост и нивните семејства. Извештајот е доставен до Советот за човекови права, согласно со пропозициите, на 24-ти јуни 2013г.

Scroll to Top
Skip to content