Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија ги презентираше резултатите од истражувањето

“КОЛКУ Е ИНКЛУЗИВНО МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО?”

Во рамките на Саемот на невладини организации и одбележувањето на својот 15-годишен јубилеј, ФИООМ ги презентираше резултатите од истражувањето на јавното мислење “Колку е инклузивно македонското општество?”, на 17-ти ноември 2007 година, во просториите на Скопскиот саем.

Во ова истражување активно учество зеде и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА кој учествуваше како во изготвувањето на прашалниците, така и во предлагање на фокус групи кои ќе учествуваат во процесот на интервјуирање.

Резултатите од истражувањето укажуваат дека мнозинството граѓани имаат предрасуди кон Ромите, хомосексуалците, корисниците на наркотични средства, кон лицата со попреченост и други маргинализирани групи.

По презентацијата следуваше интересна дебата во која се вклучија истражувачкиот тим, претставниците на невладините организации, меѓу кои и РЦПЛИП – ПОРАКА, и надлежните државни институции. Целосното истражување ФИООМ ќе го објави подоцна, по неговото комплетирање. По нарачка на ФИООМ, истражувањето го изработи Институтот за социјални и политичко-правни истражувања од Скопје.

Scroll to Top
Skip to content