Хуманитарен концерт во Радовиш

„Триатлон спорт – Мост за почитување на различностите”

Во организација на Триатлон клубот „Ана-Да” од Радовиш, а под покровителство на општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов, на 17-ти април 2014 година во СРЦ “25 Мај” во Радовиш се одржа голем хуманитарен концерт „Триатлон спорт – Мост за почитување на различностите”.

Целта на овој хуманитарен настан беше да се поттикне свеста за хуманост, а собраните средства од влезниците беа наменети за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Радовиш. Влезниците беа по симболични 50 денари, а вкупната собрана сума изнесуваше 35.000 денари.

За делот од забавата на досега најголемиот хуманитарен концерт одржан во Радовиш се погрижија музичките естрадни уметници од Радовиш. Исто така, за време на хуманитарниот концерт беше организирана продажба на креации и ракотворби изработени од учениците од основните училишта од општина Радовиш. Средствата собрани од продажбата беа исто така наменети за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Радовиш.

Scroll to Top
Skip to content