Во рамки на воспоставената соработка со Црвен крст на Град Скопје, а како идеја на тимот за спасување на вода при Црвениот крст, произлезе уште една интересна активност за корисниците на дневниот центар – ПОРАКА Скопје: посета на Аква паркот кој функционира во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје.
На почетокот, тимот на спасувачи ни одржа кратко предавање за безбедноста во вода и за некои од начините и техниките за спасување во вода. Корисниците имаа можност практично да се запознаат со опремата која ја користат спасувачите, учествувајќи во дел од презентациите.
Во продолжение, можевме да ги искусиме и да уживаме во сите содржини кои ги нуди Аква паркот. Мора да се истакне големото задоволство од оваа посета кај корисниците на дневниот центар – ПОРАКА Скопје, за што упатуваме голема благодарност до нашите пријатели од Црвениот крст и Аква паркот од Скопје.