Активности на Европската Асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост (ЕАСПД), 28 јануари 2014 година
Климатски и енергетски пакет: Предлозите 2030 на Комисијата премногу фокусирани на краткорочните интереси на Европските валкани стари индустрии
„Европската унија треба да биде пример за целосно вклучување на барањата од конвенцијата во сите свои внатрешни и надворешни акции бидејќи е законски обврзана на тоа”, Лук Зелдерло.
Како потписничка на Конвенцијата на ОН, ЕУ има одговорност да „покажува пример” и да ја промовира вклученоста на попреченоста како во рамките на своите граници така и надвор од нив, пишува Лук Зелдерло.
Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби (ЕАСПД), која претставува над 10.000 обезбедувачи на социјални сервисни служби за лица со попреченост во Европа, целосно го поддржува повикот од Меѓународниот конзорциум за попреченост и развој (ИДДЦ) и членовите на Европскиот парламент Барт Стаес, Мајкл Кашман, Филип Кацмарек и Мариан Харкин кој се однесува на тоа сите нови ЕУ развојни програми да земаат во предвид како би влијаеле врз лицата со попреченост.
Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, која ја ратификуваа Европската унија и 24 од 28-те нејзини држави членки, се стреми да обезбеди дека нејзините потписнички „го штитат и обезбедуваат целосното и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи на сите лица со попреченост, како и унапредување на почитувањето на нивното вродено достоинство”.
Од особен интерес за иницијативата на ИДДЦ е членот 32 кој јасно кажува дека потписничките мора да обезбедат „дека меѓународната соработка, вклучувајќи ги и меѓународните програми за развој е вклучена и пристапна за лицата со попреченост”
Во реалноста, човек може да се прашува зашто попреченоста допрва треба да се зема во предвид во тековните програми на ЕУ за развој, кога ЕУ пред повеќе од три години ја ратификуваше Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Ова е уште повеќе изненадувачко имајќи ја предвид политичката заложба во Европската стратегија за попреченост 2010-2020, во која се вели дека ЕУ и државите членки „треба да ги промовираат правата на лицата со попреченост во нивните надворешни акции”.
ЕУ е водечкиот светски донатор која дава помош за развој во вредност од над 50 милијарди евра секоја година. Има важна улога во развојот на инфраструктурата и економиите на многу земји во светот.
Еволуцијата на европската политика за развој која е инклузивна и пристапна за сите, прво и основно ќе им помогне на лицата со попреченост кои живеат во најсиромашните земји на светот да имаат еднаков пристап до нивните права.
Таа ќе придонесе за промена на ставовите на политичките лидери во многу од овие земји за понатаму да ја земаат предвид попреченоста во нивните политики за вработување и социјала.
Сепак, не можеме да запреме тука. Доколку ЕУ ги промовира правата на лицата со попреченост во својата надворешна развојна политика, тогаш мора да се подобри во сопствената имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.
Поради тоа ЕАСПД ги повикува ЕУ и нејзините држави членки да го земаат в предвид животот на лицата со попреченост во сите нивни политики. Особено во времиња на криза и фискални мерки за штедење, од многу големо значење е, и претставува законска обврска, за ЕУ да се придржува до своите обврски кон правата на сите граѓани, вклучувајќи ги и оние најранливите.
Веруваме дека социјалните сервисни служби имаат клучна улога во оспособувањето на лицата со попреченост да го стекнат пристапот до нивните права. Тоа е признаено од страна на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост каде се вели дека сервисните служби за асистенција се гарантирани со правата кои се содржани во конвенцијата.
Како такви, кога се зема предвид влијанието на една политика од суштинско значење е да се земе предвид и влијанието врз обезбедувачите на социјални сервисни служби.
ЕУ треба да покажува пример за целосно вклучување на барањата од Конвенцијата во сите свои внатрешни и надворешни акции бидејќи е законски обврзана на тоа.
Уште позначајно, тоа треба да се стори бидејќи претставува прашање од областа на човековите права, а лицата со попреченост имаат право на истите права како и секое друго лице на оваа планета.
За авторот: Лук Зелдерло е Генерален секретар на Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби (ЕАСПД)