Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, а Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА како координатор од страна на НСИОМ, изминатиот период соработуваат во реализација на проект финансиран од Европската унија.
„Попреченоста е само прашање на перцепција”, е проект имплементиран од Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, а финансиски поддржан од Европската Унија. Целта е да се зголеми видливоста преку медиумите и да се подобри јавната перцепција на лицата со попреченост, како неопходен предуслов за нивно активно учество во јавниот живот и за еднаков третман при практикување на правата и слободите. Активностите се засноваат на иновативен пристап, правејќи преглед на видливоста на лицата со попреченост во медиумите како неопходен предуслов за нивно активно учество во јавниот живот и еднаков третман во практикувањето на правата и слободите. Дизајнот на проектот одговара на околината во која, ослабената улога на медиумите како заштитници од јавен интерес во Македонија, од една страна, и тешката клима во која дејствуваат граѓанските организации, резултираше со намалување на медиумскиот простор за презентирање на потребите на лицата во неповолна ситуација, а со тоа и на погрешни претпоставки на граѓаните во признавањето на постоечка дискриминација.
Невидливоста на лицата со попреченост во медиумите го попречува и нивното вистинско учество во јавниот живот и целосно практикување на човековите права и социјална инклузија. Поради тоа, активностите се поставени за да обезбедат решенија и да осигураат предуслови за намалување на невидливоста на лицата со попреченост во медиумите, преку постигнување на следните специфични цели:
– Зголемена ефективност на организациите на лицата со попреченост преку преземање на асертивен пристап во комуникацијата со медиумите;
– Подобрено разбирање и вештини за инклузивно новинарство на претставниците од медиумите;
– Воспоставени одржливи механизми за соработка меѓу граѓанските организации и медиумите во поддршка на учеството и инклузијата на лицата со попреченост;
– Невидливоста на лицата со попреченост во медиумите се поставува повисоко на агендата на креаторите на политики.
Во изминатиот период, проектните активности беа насочени кон организирање на две тридневни работилници за граѓански организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост во земјава, а кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини користејќи ги онлајн и традиционалните медиуми.
„Нека се чуе вашата порака!” е насловот на двете тридневни работилници со граѓански организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост во земјава. Првата се реализираше во Скопје во мај, а втората во Охрид во јуни 2018 година. Двајца домашни и странски обучувачи им пренесоа знаења и вештини на учесниците со цел тие да ги подобрат своите комуникациски вештини користејќи ги онлајн и традиционалните медиуми. Гостин предавач на обуките беше д-р Василка Димоска, Генерален секретар на РЦПЛИП – ПОРАКА. Претставници на триесетина граѓански организации од земјава кои што работат со лица со попреченост беа запознаени со медиумските алатки и техники за подигање на видливоста на нивните организации, преку практичен пристап, развивање на медиумска кампања, како и менторска поддршка за сите граѓански организации при натамошно развивање и имплементирање на нивните идеи за медиумските кампањи.
Првата работилницата започна на 3 Мај, Денот на слободата на медиумите, со што симболично се испраќа порака дека медиумите треба да овозможат поголем простор и видливост со цел да се слушне гласот на маргинализираните и ранливите групи, што е важен сегмент од слободата на изразувањето на сите сегменти во едно демократско општество.