Почнувајќи од 01.08.2014 година, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Струмица започна со реализација на проектот „Со компјутер до полесно учење” финансиран од општина Струмица. Во рамките на проектот, ангажирано беше стручно лице за оспособување на компјутерите за работа, а набавени се звучници и глувчиња за компјутерите, како и едукативни игри.
Активностите опфаќаат подучување на членовите со интелектуална попреченост за работа со едноставни операции на компјутер (вклучување и исклучување на компјутер, работа со глувче – и на тој начин развивање на фина моторика, отвaрање на документ во Microsoft Office Word, пишување едноставни текстови од страна на членовите кои се описменети, цртање едноставни форми во Paint и сл.). Исто така, опфатена е работа преку едукативни игри (игри за собирање и одземање до бројот 10, запознавање со геометриски форми, распознавање на боите и поимите горе – долу, под – над, блиску – далеку, лево – десно, напред – назад).