Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост (ЕАСПД), во изминатиот период, подготви извештај за влијанието на кризата со трошоците за живот врз услугите за поддршка на лицата со попреченост, посветувајќи особено внимание на зголемените трошоци за енергија. Извештајот дава првични информации за мерките што ги преземаат обезбедувачите на сервисни служби за да ги ублажат овие зголемени трошоци, како и увид во иницијативите започнати од владите за да им помогнат на обезбедувачите на сервисни служби. Извештајот, исто така, предупредува на неактивноста на власите кон обезбедувачите на социјалните сервисни служби, нагласувајќи ги негативните последици и врз континуитетот и врз квалитетот на обезбедената поддршка.
РЦПЛИП – ПОРАКА е една од осумте членки на ЕАСПД која се вклучи во ова истражување, правејќи преглед на состојбите во нашата држава во однос на актуелната инфлација/кризата со трошоците за живот, односно нивното постојано зголемување и како се справува со новонастанатите ситуации. Воедно даде и преглед на мерките што ги презема владата за поддршка на секторот за обезбедување сервисни служби, но и што уште треба да се направи како би се намалиле негативните последици.