Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е првиот меѓународен договор за човекови права во 21-от век. Од своето отворање за потпишување на 30-ти март 2007 година, Конвенцијата за правата на лица со попреченост имаше голем број на потпишувања и ратификации, и постави нова основа со тоа што е првиот договор на ОН за човекови права кој е ратификуван од организација за економска интеграција (Европската унија). Сепак, се уште има многу држави кои не ја потпишале или ратификувале Конвенцијата и нејзиниот Опционен протокол.
На 10 мај 2011 година, Колумбија стана 100-тата земја што ја ратификуваше оваа Конвенција. Со тоа, таа се приклучи кон оние земји кои сега поддржуваат поголем пристап, поддржани од нивните легални системи, за граѓаните со попреченост целосно да учествуваат во животот во заедницата, вклучително и политичкиот процес и здравствените и образовни сервисни служби.
„Ова е значајна пресвртница за Колумбија и за глобалната заедница. Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е моќна алатка за инклузија и развој. Треба да ја користиме за конкретни подобрувања во животот на лицата со попреченост” рече Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-моон, говорејќи за 100-тата ратификација. Сха Зуканг, Генерален потсекретар на одделот за Економски и социјални работи, што воедно служи и како секретаријат за Конвенцијата за правата на лицата со попреченост рече: „Во голема мера сме охрабрени од 100-тата ратификација на Конвенцијата. Тоа претставува големо постигнување за меѓународната заедница која работи за праведно и рамноправно општество, засновано на еднаквост и еднакви можности за сите, вклучувајќи ги и лицата со попреченост.”
„Постигнувањето на прагот од 100 ратификации покажува дека Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост има широко распространета поддршка од меѓународната заедница” рече Диане Рицхлер, заседавач со Меѓународниот сојуз за попреченост (Интернатионал Дисабилитѕ Аллианце – ИДА), „Многу земји ја зацементираа нивната заложба за промовирање и заштитување на правата на лицата со попреченост; сепак, долг е патот до обезбедување на целосното почитување на достоинството, не-дискриминацијата, инклузијата и учеството на лицата со попреченост на еднаква основа со другите.”
На овој ден, ИДА ги повикува сите држави кои се уште не ја ратификувале Конвенцијата, да ги преземат сите легални акции што се потребни за да се обезбеди брза ратификација на Конвенцијата без резерви или интерпретации, и да се потсетат оние кои ја ратификувале од потребата за проактивна имплементација на Конвенцијата преку законски и програмски акции, со активно вклучување на репрезентативните организации на лица со попреченост на национално, регионално и на меѓународно ниво.
ЕАСПД ја поздравува ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост во Колумбија и се надева дека и многу други земји ќе го следат добриот пример бидејќи и десет земји членки на ЕУ се уште не ја ратификувале Конвенцијата. Сепак, ЕАСПД ја потсетува ЕУ да го ратификува и Опциониот протокол на Конвенцијата.
Истовремено се повикуваат и останатите држави да го ратификуваат Опциониот протокол со цел да им се овозможи на поединците и на групите да поднесуваат жалби поврзани со кршења на човековите права директно до меѓународниот комитет на експерти. Овие процедури за жалби се особено важни за да се осигура ефективна правда во однос на кршењата на човековите права.
ИДА исто така ги повикува оние држави кои ја ратификувале Конвенцијата со резерви или изјави, истите да ги повлечат, вклучително и оние кои биле оспорувани од другите држави дека се спротивни на целите на Конвенцијата.
Ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и нејзиниот Опционен протокол, без резерви и/или изјави ја покажува јасната заложба на државата кон универзалните човекови права кои се заштитуваат со оваа Конвенција.