Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е еден од партнерите во „Рана инклузија“, европски проект во рамките на Ерасмус+ стратешко партнерство. Започнувајќи на 1.10.2015 година, па до 30.3.2018 година, проектот се фокусира на унапредување на знаењето и споделување на методи кои се однесуваат на инклузијата на деца од предучилишна возраст кои имаат попреченост или се во ризик да се стекнат со попреченост.
Цели
Проектот има за цел да пренесе:
А) ИНФОРМАЦИИ: што им е потребно на децата со попреченост и каква поддршка можат да им овозможат професионалните лица во редовното образование и младинската работа со цел да се избегне подоцнежното исклучување или неуспех.
Б) КОНКРЕТНИ МЕТОДОЛОГИИ преку P2P (размена на веќе воспоставена добра секојдневна практика од страна на професионалците а со цел олеснување на конкретни инклузивни МЕТОДИ преку споделување на релевантно искуство).
В) ПРОЦЕНКА НА КОМПЕТЕНТНОСТ НА НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО во однос на инклузијата
Партнери
– Др. Претис С.И.Н.Н, Австрија
– Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, Македонија
– Елизабет ЕН, Луксембург
– Канцеларија за информатичка, социјална и културна соработка, Австрија
– Институт за социјални и посебни потреби, Стирија, Австрија
– Универзитет Етовос Лоранд, Факултет за основно и предучилишно образование, Унгарија
– Наставно училиште Чадсгроув, Бромсгроув, Велика Британија
– Германска асоцијација за рана детска интервенција, Северна Германија
– Универзитет Анадолија, Истражувачки институт за лица со попреченост, Турција
– Медицинско училиште, Хамбург, Германија
Повеќе информации на www.early-inclusion.eu