Прославата на 130 годишниот јубилеј на Винарската визба „Тиквеш”, која се совпадна со минатогодишниот Фестивал на младо вино имаше општествено одговорна димензија. На настанот, „Тиквеш” ги мотивираше гостите да донираат со тоа што за секоја донација даде подарок младо вино. Собрани беа 134.277 денари кои „Тиквеш” ги удвои со свои средства. Целата сума од 268.554 денари беше наменета за реновирање на простории во дневните центри кои функционираат во рамки на Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – ПОРАКА.
Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА работеше на реализација на донацијата од „Тиквеш”. Средствата се искористуваат за реновирање на санитарните јазли во дневниот центар – ПОРАКА Скопје во Аеродром и санирање на оштетувања настанати од поплавите во месец август.