Во присуство на голем број на членови, пријатели, соработници и поддржувачи на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Демир Хисар, вчера (06.10.2016) во Демир Хисар, градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски; претседателот на РЦПЛИП – ПОРАКА, Чедомир Трајковски и претседателот на ЦПЛИП – ПОРАКА Демир хисар, Љубе Димчевски официјално го пуштија во употреба социјалниот клуб за лица со интелектуална попреченост.
Социјалниот клуб ќе функционира во рамките на ЦПЛИП – ПОРАКА Демир Хисар и ќе опфаќа лица со интелектуална попреченост од општина Демир Хисар. Просториите на клубот се наоѓаат во зградата на Здружението на пензионери – Демир Хисар и се отстапени на користење на ЦПЛИП – ПОРАКА Демир Хисар од страна на ова здружение.
Во реновирањето и опремувањето на социјалниот клуб се вклучија Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, Општина Демир Хисар, ЈП Комуналец – Демир Хисар, СОУ Крсте Петков Мисирков, фирмата Руте Графика, како и други институции и компании од Демир Хисар.