Министрите на Европската Унија за вработување и социјални прашања на 3-ти Декември 2001 година ја прогласија 2003 година за “Европска година на лицата со попреченост”. Во текот на 2003 година се организираа и одржаа илјадници настани низ цела Европа, со единствена цел да се промовираат правата на преку 37-те милиони луѓе со попреченост и да се подигне свеста на граѓаните во однос на кршењето на човековите права со кои луѓето со попреченост секојдневно се среќаваат.
Републичкот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, како рамноправна членка на Европската Инклузија се вклучи во оваа широка европска акција и во текот на 2003 година превзеде низа активности за одбележување на Европската година на лицата со интелектуална попреченост на национално и локално ниво.
Реализираните активностите го следеа духот на 2003 година – Европска година на лицата со попреченост и ги пренесуваа пораките за недискриминација, еднакви права и вклучување на лицата со интелектуална попреченост во сите сегменти на живеењето.
Главните цели на активностите во 2003 година:
- Одбележување на десетгодишнината од усвојувањето на Стандардните правила за изедначување на можностите за лицата со попречености од Генералното собрание на Обединетите нации;
- Промоција на зголемено ниво на социјална заштита, зголемување на стандардот и квалитетот на живеење на лицата со интелектуална попреченост;
- Подигнување на јавната свест за правата на лицата со интелектуална попреченост како рамноправни граѓани во општеството;
- Градење на позитивна слика за потребите и можностите на лицата со интелектуална попреченост;
- Социјална и економска интеграција на лицата со интелектуална попреченост во заедницата;
- Интеграција на децата и младите со интелектуална попречености во редовниот систем на образование;
- Еднаков пристап, социјални и економски можности како основни човекови права на лицата со интелектуална попреченост;
- Социјално вклучување во сите сфери на животот на лицата со интелектуална попреченост и дефинирање на приоритетни акции за делување;
- Почитување на основните права и принципи за не-дискриминација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост;
- Зајакнување на соработката меѓу различни сектори и министерства со заедничка цел за подобрување на можностите на лицата со интелектуална попреченост во сите сфери на секојденвниот живот и нивна интеграција во општеството;
- Креирање на мултидисциплинарна стратегија за интегрирање, достапност и проширување на социјалните и економските можности на лицата со интелектуална попреченост.