Во присуство на голем број на членови, пријатели, соработници и поддржувачи на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Прилеп, вчера (28.01.2015) во Прилеп, градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и претседателот на ЦПЛИП – ПОРАКА Прилеп, Раде Аљакоски официјално го пуштија во употреба социјалниот клуб за лица со интелектуална попреченост.
Социјалниот клуб ќе функционира во рамките на ЦПЛИП – ПОРАКА Прилеп и ќе опфаќа 20-тина лица со интелектуална попреченост од општина Прилеп. Просториите на клубот се наоѓаат во старата општинска зграда и се отстапени на користење на ЦПЛИП – ПОРАКА Прилеп од страна на Општина Прилеп.
Во реновирањето и опремувањето на социјалниот клуб се вклучија Општина Прилеп, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, ЈП Комуналец – Прилеп, голем број на фирми и компании од Прилеп, како и самите членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Прилеп.



