Новиот Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за работни односи предложен од Владата на Република Македонија во ноември 2013 воведува ново работничко право кое можат да го користат само работничките, односно право на неплатено родителско отсуство. Потврда затоа дека правото на неплатено отсуство нема за цел да ги зајакне ниту работничките ниту родителските права, е токму фактот што правото се однесува само на жената – мајката. Ваквата нерамноправна поставеност на жената – мајка и мажот – татко само ја потенцира и поттикнува традиционалната улога на жената како мајки и негувателки. Во Република Македонија жените работнички се соочуваат со прекршувања на нивните права како при вработување, така и на работното место, а пак женскиот труд е помалку платен и незаштитен. Жените работнички немаат на располагање ефикасни и ефективни правни и институционални механизми и тела кои можат да ги искористат за да ги заштитат своите права, па неретко се случува да добијат отказно решение чиј мотив е бременоста или пак да се соочат со виктимизација при пријавување на прекршување на одредбите од ЗРО. Цело соопштение