ПОКАНА 2015 DMWC

Меѓународен хуманитарен базар посветен на меѓународниот ден на детето, сабота 6 јуни во 11:00 во ГТЦ

Драги пријатели!

Со големо задоволство ве покануваме Вас и Вашите пријатели и семејства на 2015 DMWC Меѓународен хуманитарен базар посветен на Меѓународниот ден на детето кој ќе се одржи во сабота 6 јуни од 11:00 до 16:00 часот во Градскиот Трговски центар (ГТЦ) во центарот на Скопје. Корисници на овогодинешниот Базар се децата со интелектуална попреченост кои ги користат услугите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје во нивниот дневен центар во Капиштец, Скопје.
Базарот е семеен настан на кој има штандови на Амбасадите каде се промовираат и продаваат национални производи, потоа има перформанси од деца, уметнички работилници и лотарија. Ве молиме погледнете ги програмата и листата на наградите од лотаријата кои се во прилог.

Ве замолуваме да дадете поддршка на нашата хуманитарна мисија со пренесување на поканата за одржување на настанот и да ни се придружите во сабота во ГТЦ.
Очекуваме да ве видиме во сабота на базарот.

Scroll to Top
Skip to content