Aктивности на РЦПЛИП – ПОРАКА во рамките на членството во ЕАСПД

Извештај за состојбите со интервенција во раното детство во земјите на Балканот

Во рамките на Лајтхаус мрежата на ЕАСПД, Форумот за интервенција во раното детство (ИРД) ја истражи ситуацијата во однос на ИРД во пет земји од Балканскиот регион: Албанија, Грција, Косово, Северна Македонија и Црна Гора. Истражувањето ги истакнува општите предизвици, почнувајќи од недостиг на разбирање за тоа што е квалитетна ИРД и што тоа подразбира, а тоа се рефлектира во општиот недостиг на регулативи, финансирање, стандарди за квалитет и инструменти за собирање податоци. Како резултат на тоа, истражувачите препорачуваат да се формулира сеопфатна регионална програма за да се олесни размената на искуства, поддршката за застапување, обуки, развој на потребните инструменти, истражувања, публикации, развој на програми за работа и кампањи за подигнување на свеста.

Извептајот може да го прочитете тука.

Scroll to Top
Skip to content