Почеток на Disability Support Europe

ЕАСПД станува Disability Support Europe!

Заедно градиме архитектура на инклузија!

Пред 30 години, беше основана Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост. Шест организации се здружија со единствена визија и голема решителност. Тие веруваа дека сервисните служби за поддршка на лицата со попреченост треба да се обединат и да настапуваат со еден глас на европско ниво и да учат едни од други за да се развиваат и трансформираат. Постигнувањето на ова навистина би можело да ги подобри животите на лицата кои тие ги поддржуваат.

Оттогаш постигнавме многу. Значително пораснавме и имаме историја со која се гордееме. Претставувајќи 40.000 сервисни служби за поддршка низ цела Европа, соработката претставува суштина на нашата работа. Сепак, претстои уште многу работа. За да ја одбележиме нашата посебна годишнина, треба да поставиме нова мисија што ќе нè води во наредните три децении, како и ново име и изглед што ќе го претставуваат нашиот јасен пат нанапред.

Disability Support Europe е нашата заедничка заложба за свет во кој лицата со попреченост ги имаат истите избори и можности како и сите други. Свет во кој секојдневието е создадено за сите. Отсекогаш сме знаеле дека сервисните служби за поддршка се клучни за да се постигне тоа, но не можеме да успееме сами.

Сакаме заедници што вклучуваат, работодавачи кои создаваат вистински работни места, семејства кои напредуваат и училишта каде секое дете може да учи и да се развива. Сакаме да ги обликуваме системите, политиките и стандардите што го прават учеството реално, трајно и достапно за сите. Токму тоа го подразбираме под градење на архитектурата на инклузија.

Но, ниту една архитектура не се гради од само еден човек. Потребни се многу раце, многу вештини и многу гласови, а токму тоа го обезбедуваат нашата мрежа и нашите партнери.

Како членка на Disability Support Europe, со нетрпение очекуваме да го додадеме нашиот придонес во поставување на темелите за следните 30 години што се пред нас и да видиме каде ќе нè одведе. Кон иднина во која секојдневието е изградено за сите.

Scroll to Top
Skip to content