Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА
Граѓанска, родителска, национална инвалидска и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Република Северна Македонија.
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА има остварено статус на Национална инвалидска организација (согласно Законот за инвалидкси организации), и е впишана во Регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјална заштита, кој се води при Министерството за труд и социјална политика.
РЦПЛИП – ПОРАКА е оформена во 1963 година, а во моментот обединува 17 локални организации во земјата.
Главни цели
- Обезбедување законски можности за овозможување на еднакво учество и вклучување на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество;
- Развивање на алтернативни сервисни служби во местото на живеење, согласно принципите за изедначување на можностите на лицата со интелектуална попреченост;
- Остварување и унапредување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество.
Принципи
- Вклучување на лицата со интелектуална попреченост во секој аспект од животот;
- Изедначување на можностите за лицата со интелектуална попреченост како еднакви граѓани во заедницата;
- Обезбедување на семејна поддршка – соодветни сервисни служби и поддршка за семејствата со член со интелектуална попреченост во местото на живеење;
- Почитување на самоопределувањето, донесување на одлуки од страна на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
- Превенција од институционализација;
- Подобрување на условите за живот во постоечките институции;
- Деинституционализација на лица со интелектуална попреченост и нивно опфаќање во алтернативни сервисни служби во местото на живеење;
- Подигнување на јавната свест.
Активности
- Иницијативи за подобрување на законските можности и политиките за лицата со интелектуална попреченост на национално ниво;
- Координација и стручно-методолошка помош на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА;
- Воспоставување на мрежа од алтернативни сервисни служби во местото на живеење:
- Ресурсен центар (сервисна служба за советување и информирање);
- Социјални клубови и советувалишта во сите локални организации;
- Дневни центри за адолесценти и возрасни со интелектуална попреченост;
- Иницијативи за оформување на сервисни служби за самостојно живеење за лица со интелектуална попреченост;
- Комуникација и размена на искуства на европско и меѓународно ниво.
Членство на национално ниво
- НСИОМ – Национален совет на инвалидски организации на Македонија;
- Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
- МППС – Македонска платформа против сиромаштија.
Членство на меѓународно ниво
- “Inclusion Europe” – Европска асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
- “Inclusion International” – Интернационална асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
- “EASPD” – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост.