Градот Скопје и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје на 27.1.2023 година склучија договор за поддршка на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост над 18-годишна возраст кои се наоѓаат во населбите Аеродром и Капиштец, согласно програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита.
Договорот беше потпишан при посетата на Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во дневниот центар во населба Аеродром. При посетата, Градоначалничката имаше можност директно и подетално да се запознае со корисниците, како и со работата на овој вид на сервисни служби кои функционираат во рамките на мрежата на РЦПЛИП – ПОРАКА.