Едни од главните принципи на делување на РЦПЛИП – ПОРАКА се вклучување на лицата со интелектуална попреченост во секој аспект од животот и почитување на самоопределувањето, донесување на одлуки од страна на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.
Како би можеле да носат сопствени одлуки за нивниот живот, лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства треба да бидат добро и правилно информирани за сите законски можности кои им се на располагање. За таа цел, РЦПЛИП – ПОРАКА изготви и испечати лесно читлива верзија на македонски јазик на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост
Брошурата е наменета за лица со интелектуална попреченост со цел да се запознаат со содржината на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост на поедноставен, лесно читлив начин и со помош на илустрации. Исто така, наменета е за сите лица кои не се во можност да ги разберат одредбите на Конвенцијата кои може да им делуваат неразбирливо и премногу сложено.
Оваа лесно читлива верзија на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост ќе им овозможи на што е можно поголем број на лица со интелектуална попреченост да се запознаат со правата кои се пропишани со Конвенцијата, на брз и за нив разбирлив начин. Лесно читливата верзија на Конвенцијата е достапна на овој линк.