Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на 16.3.2018 година потпишаа меморандум за соработка. Со овој меморандум и двете страни ќе се стремат кон взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес. Понатаму, ќе овозможуваат обезбедување на квалитетни стручни услуги, како и учество, соработка и реализација на заеднички проекти. РЦЛПИП – ПОРАКА ќе овозможува континуиран пристап и поддршка на студентите од Институтот за дефектологија, како и употреба на материјалите и методите за работа со деца со пречки во развојот кои се достапни на онлајн платформата www.early-inclusion.eu развиена во рамките на проектот „Рана инклузија преку взаемно учење” поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата на Европска унија. Воедно, РЦПЛИП – ПОРАКА, во рамките на своите можности и активности, ќе овозможи определен број на студенти да вршат практична работа во своите социјални сервисни служби.
Од друга страна пак, Филозофскиот факултет ќе овозможи Институтот за дефектологија да врши практични вежби со цел збогатување на наставната програма во рамките на темите споменати погоре, а определени со практични знаења и искуства. Исто така, ќе овозможи користење на некои простории од Филозофскиот факултет за реализација на одредени активности како што се промоции, работилници итн.