ЕАСПД организираше семинар за политики во однос на креирање работни места во социјалните сервисни служби кој се одржа во Европскиот Парламент на 28-ми јуни. Членовите на Европскиот Парламент (МЕР), претставници на социјални сервисни служби, синдикати и организации кои ги застапуваат лицата со попреченост ги повикаат Европската Комисија (ЕК) и Европскиот Парламент (ЕП) да делуваат поактивно со цел да ја поддржат високо квалитетната социјална грижа преку соодветно обучени професионалци – во Европа.
Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост (ЕАСПД) организираше семинар во Европскиот Парламент за улогата на ЕУ во отворањето на нови работни места во социјалните сервисни служби. Домаќини на настанот беа Heinz K. Becker (ЕПП/АТ) и Marian Harkin (АЛДЕ/ИЕ). Настанот даде можности ЕАСПД да разговара со клучните партнери за постојните бариери во креирањето работни места во социјалните сервисни служби, сектор кој создаде преку 1.4 милиони нови работни места од 2008 па наваму.
Franz Wolfmayr претседател на ЕАСПД, го отвори семинарот и ја повика Европската Унија да го прифати и признае тројниот потенцијал за создавање работни места во социјалните сервисни служби. МЕП Becker ја нагласи потребата од подигнување на јавната свест за прашањата кои ја опфаќаат социјалната грижа на ниво на ЕУ, велејќи дека свесноста мора да води кон акција. Тој исто така, повика во Столбот на социјални права да се вклучи силна димензија на квалитетни работни места во социјалната грижа.
James Churchill и Andreia Moraru, заседавач и ко-заседавач на Интерес групата на ЕАСПД за човекови ресурси, ги претставија главните резултати од двете студии спроведени од ЕАСПД во 2015 година: (1) Иницијално истражување за оскудно платена работа во секторот за обезбедување на социјални сервисни служби, и (2) Грижата во 21-от век – ширење на работна-та сила во социјалната грижа за лицата со попреченост.
Студиите ги истакнуваат главните предизвици со кои се соочува работната сила во социјалните сервисни служби и овозможуваат податоци кои ја поддржуваат потребата за акција на ниво на политики.
Презентирајќи ги резултатите, Churchill истакна дека социјалната грижа се разликува од социјалната работа и здравствената работа: Во голема мера е невидливо, но сепак, социјалната грижа расте и станува важен сектор за вработување во огромен потенцијал за креирање работни места. Истражувањата покажуваат дека сега постои можност да се направи голема промена во квалитетот на животот на луѓето преку ажурирање на знаења и вештини на работната сила, но заедно со оваа можност доаѓаат и некои ризици како што се оскудно платена работа и неатрактивност на секторот за млади работници.
Во текот на првиот панел се разгледуваа постојните бариери за креирање работни места. Панелот го отвори МЕП Georgi Pirinski (С&Д/БУ) кој ја повика Платформата на ЕК за непријавена работа да се фокусира на собирање податоци во областа на социјалната грижа. Тој исто така, кажа дека Европскиот семестар мора да започне да ги разгледува овие дебати.
Nicholas Costello, заменик одговорен на одделот за креирање работни места при ДГ ЕМПЛ во Европската Комисија препорача да се покрене прашањето за работната сила во социјалната грижа во четири развојни политики: Европскиот столб за социјални права, Агендата за вештини, рамнотежа меѓу работа-живот и Европската платформа за непријавена работа. Heather Ros, претседател на Социјални сервисни служби Европа, се изјасни дека ако ЕК сака да креира работни места во Европа, тогаш мора да инвестира во социјалните сервисни служби. Matias Maucher, од Европската федерација на унии на јавни сервисни служби, ја затвори панел дискусијата со тоа што ја повика ЕК да помогне во поддршката и зајакнувањето на структурите за социјалниот дијалог во Социјалните сервисни служби, како на национално, така и на европско ниво.
МЕП Marian Harkin, која воедно е и ко-заседавач на Интергрупата за згрижувачи, ја отвори втората панел дискусија за социјалната грижа и квалитет на живеење велејќи дека унапредувањето на соработката меѓу неформалната и формалната грижа е неопходно и мора да се вклучи во Европскиот столб на Социјални права. Stecy Yghemonos, извршен директор на Eurocarers, говореше против лажната претпоставка на многу држави членки дека неформалната грижа е поевтина опција отколку развивањето на подобра рамнотежа помеѓу формалната и неформалната грижа. Ansofie Leenknecht, од ЕДФ, го затвори панелот со тоа што повторно нагласи дека пристапот до сервисни служби за лицата со попреченост е право, не милосрдие и дека мора многу да се работи за да се овозможи пристап до квалитетни сервисни служби, особено оние во редовните текови.
На крајот, Luk Zelderloo, Генерален секретар на ЕАСПД, ги повика членовите на Европскиот Парламент да развијат сопствен извештај за отворање работни места во социјалните сервисни служби; повик кој го подржаа Социјални сервисни служби Европа, Европската федерација на унии на јавни сервисни служби и Европскиот форум за попреченост. ЕАСПД ќе продолжи да работи со членовите на Европскиот Парламент за да се овозможат адекватни решенија и одржлива иднина за високо квалитетна социјална грижа во Европа.