Активности во рамките на проектот „Интеркултурно учење за сите“
Студиска посета во Сараево
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во соработка со здружението „На пола пат“ од Србија и СУМЕРО од Босна и Херцеговина започнаа со спроведување на проект со наслов „Интеркултурно учење за сите“ во јануари 2023 година. Проектот се заснова на долгогодишното искуство на трите партнер организации во областа на социјална инклузија, развој на вештини за лица со интелектуална попреченост во однос на окупациона терапија, креативност, вештини за само-застапување, интеркултурно учење и толеранција.