Извадок од Извештајот „10 години потоа“ на РЦПЛИП - ПОРАКА од 2021 г.
Заложби и препораки на РЦПЛИП – ПОРАКА во областа на образованието за лицата со интелектуална попреченост
Со донесувањето на новиот Закон за основно образование во 2019 година, како и со донесувањето на Концепцијата за инклузивно образование од страна на Министерството за образование и наука, државата направи голем исчекор кон признавање на правото на инклузивно образование на децата со попреченост и посебни образовни потреби и постави солидна рамка за претстојните реформски процеси.
Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА
Препораки на РЦПЛИП – ПОРАКА во областа на вработувањето на лица со интелектуална попреченост
Европската комисија неодамна публикуваше три сеопфатни каталози и прирачници за поддршка на можностите за вработување на лицата со попреченост. Овие ресурси се надополнување на првиот сет издаден во 2022 година, кој претставува водич за јавните сервисни служби за вработување и како тие можат да го промовираат учеството на лицата со попреченост на пазарот на трудот.
Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА
Активности на социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА
Програмските активности во дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Прилеп опфаќаат разновидни активности наменети за усвојување и унапредување на вештините за самостојно живеење. Во рамки на социјалните активности се реализираа голем број активности во соработка со други лица.
Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА
Активности на корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје во општествената градина „Зелена Арка – Бостание“
Придобивките од овие активности се очигледно повеќекратни и долготрајни. Во целост се рушат стереотипите во однос на самостојноста на лицата со попреченост. Работата во градината има и терапевтско влијание, а несомнено преку комуникација со другите градинари се подоборува и нивната социјализација и инклузија во заедницата.
Соработка на РЦПЛИП - ПОРАКА со Филозофскиот факултет – Скопје
Соработка со Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет – Скопје
Долгогодишната соработка на РЦПЛИП – ПОРАКА со Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на УКИМ во Скопје продолжува успешно да се реализира и во изминатиот период.
Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА
Активности на социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА
Во дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш редовно се спроведуваат сите предвидени програмски активности за развивање на вештините за самостојно живеење на корисниците. Покрај овие редовни активности, се реализираат и низа работилници и активности поврзани со значајни празници или датуми, како и активности со соработниците на дневниот центар.
Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА
Забелешки на РЦПЛИП – ПОРАКА во однос на Правилникот за начинот, обемот, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги на дневен престој, од аспект на лица со интелектуална попреченост
Почнувајќи од 2000 година, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е активно вклучен во создавањето на услови за спроведување на реформскиот процес на деинституционализација во нашата држава, односно превенција од институционализација преку оформување на социјални сервисни служби за поддршка на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства во местото на живеење.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Програмски активности на РЦПЛИП – ПОРАКА во 2024 година
Програмските активности на РЦПЛИП – ПОРАКА се базираат и се во насока на процесот на имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, како исклучително значаен документ кој има правно-обврзувачки карактер за државите кои го имаат ратификувано. Референтен документ кој РЦПЛИП – ПОРАКА ќе го користи во своето делување ќе бидат Заклучните согледувања за имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, кој Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост го упати кон Република Северна Македонија за време на септемвриската сесија на Комитетот во 2018 година. РЦПЛИП – ПОРАКА имаше и ќе има значајна улога во сите процеси кои се однесуваат на Конвенцијата.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Одбележување на 60 години делување на РЦПЛИП – ПОРАКА и меѓународниот ден на лицата со попреченост
Во 2023 година се навршуваат 60 години од делувањето на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА. Во изминатите 60 години, РЦПЛИП – ПОРАКА, како матична организација на лицата со интелектуална попреченост во нашата држава, е носител на бројни иницијативи чија цел е создавање на општество во кое сите лица со интелектуална попреченост и нивните семејства ќе имаат достоинствен живот.
Активности на локалните организации на РЦПЛИП - ПОРАКА
Активности на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА по повод 3 декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост
На локално ниво, во текот на декември 2023 година, локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА спроведоа голем број активности за одбележување на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Одржана работилница за разгледување на SWOT анализите и тековното оперативно работење на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА
РЦПЛИП – ПОРАКА години наназад организира и одржува работилници на кои се разгледуваат и дискутираат изготвените SWOT анализи на локалните организации. SWOT анализата е структуриран метод за планирање на идните стратегии на организацијата, а воедно е мошне корисна и за проценување на актуелната состојба внатре во организацијата, со сите нејзини предности и слаби страни, но и можностите и заканите кои доаѓаат од опкружувањето во кое таа организација делува. Работилницата за SWOT анализи и оперативно работење има за цел консолидирање и унапредување на активностите и делувањето на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА.
Партнерски активности на РЦПЛИП - ПОРАКА
Активности во рамките на проектот „Интеркултурно учење за сите“
РЦПЛИП – ПОРАКА го организираше завршниот настан на проектот „Интеркултурно учење за сите“ на 27-ми септември 2023 година во Јавна соба, Скопје. На настанот учествуваа корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА со своите едукатори. Во текот на завршниот настан корисниците имаа можност да го презентираат стекнатото искуство од проектните активности. Преку однапред подготвени видео материјали од претходно одржаните работилници, презентации, како и останати материјали кои ги користеле во работилниците во своите дневни центри, корисниците имаа можност да го претстават сработеното во изминативе месеци.
Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА
Активности на социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА
Активностите на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш изминатиот период се реализираа согласно предвидената програма за работа. Покрај редовните активности, се спроведоа и низа активности и работилници кои произлегуваат од воспоставената соработка на дневниот центар со останати чинители.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Активности во рамките на проектот „Интеркултурно учење за сите“
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во соработка со здружението „На пола пат“ од Србија и СУМЕРО од Босна и Херцеговина започнаа со спроведување на проект со наслов „Интеркултурно учење за сите“ во јануари 2023 година. Проектот се заснова на долгогодишното искуство на трите партнер организации во областа на социјална инклузија, развој на вештини за лица со интелектуална попреченост во однос на окупациона терапија, креативност, вештини за само-застапување, интеркултурно учење и толеранција.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Претставници на австриската организација Lebenshilfe Tirol во посета на РЦПЛИП – ПОРАКА
Активностите на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА на меѓународно ниво, меѓу другото, резултираат и со низа успешни соработки со организации кои делуваат во Европа, но и во светот.
Активности за одбележување на јубилеј
60 години активно делување на РЦПЛИП – ПОРАКА
Во изминатите 60 години, РЦПЛИП – ПОРАКА, како матична организација на лицата со интелектуална попреченост во нашата држава, е носител на бројни иницијативи чија цел е создавање на општество во кое сите лица со интелектуална попреченост и нивните семејства ќе имаат достоинствен живот.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Активности на социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА
Во изминатиов период во дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје се реализираа низа активности кои се плод на возобновени соработки со еминентни институции од областа на здравството и образованието. Така во април и мај месец, двата дневни центри беа повеќепати посетени од студенти од Медицинскиот Факултет од Скопје, членови на „Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија“- ЕМСА.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Нови соработки на РЦПЛИП – ПОРАКА
Долгогодишната соработка на РЦПЛИП – ПОРАКА со Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на УКИМ во Скопје продолжува успешно да се реализира и во изминатиот период. Во рамките на предметот „Социјална работа со лица со попреченост“, студентите имаат можност за практична настава во дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Работилница за евалуација на програмата за работа вo дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА
Започнувајќи од февруари 2022 година, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА ја преструктуираше својата програма за работа во дневните центри која беше усогласена на работилница за „Практични активности за унапредување на вештините за самостојно живеење на корисниците на дневните центри и социјалните клубови на РЦПЛИП – ПОРАКА“.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Активности на социјалните сервисни служби на РЦПЛИП – ПОРАКА
Во изминатиов период со особена внимателност се започна нова практика каде корисниците со насока од одговорното лице имаат можност самостојно да користат хемиски средства. Со помош на овие активности во континуитет се забележува подобро одредување количина, препознавање на средство според слика, внимателност при употреба. Преку овие активности корисниците секојдневно ја учат важноста од чистиот дом/простор за подобро лично здравје.
Активности во рамките на проектот „Интеркултурно учење за сите“
Студиска посета во Сараево
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во соработка со здружението „На пола пат“ од Србија и СУМЕРО од Босна и Херцеговина започнаа со спроведување на проект со наслов „Интеркултурно учење за сите“ во јануари 2023 година. Проектот се заснова на долгогодишното искуство на трите партнер организации во областа на социјална инклузија, развој на вештини за лица со интелектуална попреченост во однос на окупациона терапија, креативност, вештини за само-застапување, интеркултурно учење и толеранција.
Програмски активности на РЦПЛИП – ПОРАКА во 2023 година
Продолжуваат контиунираните активности за унапредување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост
РЦПЛИП – ПОРАКА во 2023 година ќе продолжи со реализација на активностите кои произлегуваат од поставените цели и принципи на делување. Програмските активности на РЦПЛИП – ПОРАКА се базираат и се во насока на процесот на имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, како исклучително значаен документ кој има правно-обврзувачки карактер за државите кои го имаат ратификувано.
Ново проектно партнерство на РЦПЛИП – ПОРАКА
Интеркултурно учење за сите
Фондот за Западен Балкан (WBF), со поддршка на ЕУ, го поддржа проектот на Здружението „На пола пат“ под името „Интеркултурно учење за сите“, (“Intercultural Learning for All”) кој ќе се реализира во периодот од јануари до септември 2023 година.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Градоначалничката на Град Скопје во посета на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје во населба Аеродром
Градот Скопје и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје на 27.1.2023 година склучија договор за поддршка на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост над 18-годишна возраст кои се наоѓаат во населбите Аеродром и Капиштец, согласно програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита.
Активности на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА
Активности на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост
ЦПЛИП – ПОРАКА Радовиш со свои активности го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На 21.11.2022 година во просториите на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш се реализираа две различни креативни работилници со волонтерите од Црвен крст од Радовиш и корисниците на дневниот центар. Првата работилница беше наменета за запознавање со начините на пружање прва помош, а на втората се креираа ракотворби од глина.
Нова соработка со Театар Пи
Мултимедијален настан „Чудата во Алиса“
Центарот за изведувачки уметности и едукација Театар Пи реализира мултимедијална кампања со наслов „Чудата во Алиса“ во соработка со РЦПЛИП – ПОРАКА и неговите социјални сервисни служби во Скопје.
Одбележан 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Трансформативни решенија за инклузивен развој: улогата на иновациите во поттикнувањето на пристапен и правичен свет
Во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, Министерството за труд и социјална политика и Националниот Совет на инвалидски организации на Македонија, а во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) се одржа свечена седница со којашто се одбележа 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Документ за позиција на ЕАСПД
Интервенција во раното детство насочена кон семејството: Најдобриот почеток во животот
Како членка на Форумот за рана интервенција на ЕАСПД, РЦПЛИП – ПОРАКА во текот на 2022 година учествуваше во подготовката на Документот за позиција на ЕАСПД „Интервенција во раното детство насочена кон семејството: Најдобриот почеток во животот“.
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
Одржана работилница за разгледување на SWOT анализите и тековното оперативно работење на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА
РЦПЛИП – ПОРАКА години наназад организира и одржува работилници на кои се разгледуваат и дискутираат изготвените SWOT анализи на локалните организации. SWOT анализата е структуриран метод за планирање на идните стратегии на организацијата, а воедно е мошне корисна и за проценување на актуелната состојба внатре во организацијата, со сите нејзини предности и слаби страни, но и можностите и заканите кои доаѓаат од опкружувањето во кое таа организација делува.